„Дрим-тимот“ на САД остана без една ѕвезда за Олимписките игри

Олимписката репрезентација на Соединетите Американски Држави остана без еден од лидерите на тимот. 

Поради повреда Олимписките игри ќе ги пропушти Каваи Ленард. Ѕвездата на Лос Анџелес Клиперси има проблеми со повеќе повреди, а пресудна беше онаа на коленото поради која ќе го скокне кошаркарскиот турнир во Париз. Потврда за неговото отсуство пристигна од официјалниот профил на репрезентацијата. 

Се очекува на местото на Ленард во тимот да биде повикан асот на Бостон Селтикс, Дерик Вајт. 

Соединетите Американски Држави на Игрите ќе се судрат со Србија, Јужен Судан и Порторико.