„Дрим-тимот“ на Попович се крати, може ли Србија да ги изненади САД?

Репрезентацијата на Соединетите Американски Држави (САД) нема да биде во полн ростер на Светското првенство (СП) во кошарка кое ќе се игра во Кина, па многумина гледаат шанса светот да добие нов кошаркарски владетел.

По Ентони Дејвис, на селекторот Грег Попович му откажа главниот адут Џејмс Харден, па многумина се сомневаат во силата на репрезентацијата која доаѓа од „зад барата“. На светскиот собир нема да играат и бековите на Хјустон и Портланд, Ерик Гордон и Си-Џеј Мекалум. САД и понатаму е прв фаворит за Мундобаскетот, меѓутоа сега се отвора дискусија, дали Србија, која се смета како втора селекција меѓу фаворитите, може да изненади?

  • СОСТАВОТ НА САД ЗА МУНДОБАСКЕТОТ ВО КИНА:

Плејмејкери и бекови: Бредли Бил (Вашингтон), Демиан Лилард (Портланд), Кајл Лори (Торонто), Донован Мичел (Јута), Кемба Вокер (Шарлот)

Крила и крилни центри: Харисон Барнс (Сакраменто), Тоби Харис (Филаделфија), Кајл Кузма (ЛА Лејкерс), Кевин Лав (Кливленд), Крис Мидлтон (Милвоки), Пол Милсап (Денвер), Џејсон Татум (Бостон), Пи-Џеј Такер (Хјустон)

Центри: Андре Драмонд (Детроит), Брук Лопез (Милвоки), Мајлс Тарнер (Индијана)

САД ја стартува групната фаза во групата „Е“ заедно со Турција, Чешка и Јапонија. Според обложувачниците, коефициентот за Соединетите Американски Држави да станат прваци е 1.10, а потоа следи Србија со коефициент 10.00, пред Шпанија со 15.00.