• Горан Упале
Kaаи Ленард, кошаркарот на Лос Анџелес Клиперс, ќе биде дел од кошаркарската репрезентација на Соединетите Американски Држави на Олимписките игри во Париз.
Од претходно беше познато дека Стив Кер ќе може да смета на единаесет кошаркари: Стеф Кари, Тајрис Халибартон, Џру Холидеј, Ентони Едвардс, Девин Букер, Кевин Дурант, Џејсон Тејтум, Ентони Дејвис, Леброн Џејмс, Бем Адебајо и Џоел Ембид. Празно остана само последното место кое според Адријан Војнаровски ќе го пополни двократниот шампион во НБА лигата.
Не дека недостигаа ѕвезди во тимот, но Ленард оди рамо до рамо со најголемите од оваа генерација на американската кошарка. Двократниот најдобар дефанзивец во лигата има што да понуди на другиот крај од теренот со 23,7 поени, 6,1 скока и 3,6 асистенции по натпревар оваа сезона.
Инаку, Соединетите Американски Држави ќе бидат во група со Србија, Јужен Судан и победникот од квалификациската група која ќе се игра во Порторико.