• Горан Упале
Дресот што го носеше легендата на НБА, Коби Брајант, за време на неговото деби во предсезоната и регуларната сезона за Лос Анџелес Лејкерс, е продаден за седум милиони долари на аукција.
Во соопштението се вели дека дресот е споен со фотографии од седум натпревари за време на дебитантската сезона на Брајант од 1996-1997 година, вклучувајќи го неговото деби во предсезоната на 16 октомври и дебито во регуларната сезона на 3 ноември, како и неговиот ден за медиумите во НБА.
„Првите натпревари се навистина уникатни моменти во кариерата на еден спортист. Тие го означуваат почетокот на едно извонредно патување, а за легенди како Брајант, овие пресвртници имаат уште поголемо значење бидејќи претставуваат уникатен момент во времето што никогаш не може да се повтори“, рече Брам Вокер од аукциската куќа „Сотби“.
Брајант загина во хеликоптерска несреќа на 26 јануари 2020 година.