ВИДЕО: Дрејк ја предводеше бурната прослава на улиците во Торонто

Дрејк

Торонто испиша историја во НБА лигата и стана првата екипа надвор од границите на САД која се закитила со шампионската титула.

Тоа го направија кошаркарите предводени од најдобриот играч на финалето Каваи Ленард. Во шест меча, и со помош на многу повреди на противникот, Репторси стигнаа до конечна победа од 4-2.

На плоштадот пред „Скотиабанк Арена“ се појавија илјадници навивачи, а како на секој меч беа предводени од популарниот рапер Дрејк.