• Горан Упале
Откако дојде Џими Батлер, Голден Стејт игра неверојатна кошарка. Во тој период загуби само еден натпревар, а сега падна Њујорк Никс во Сан Франциско (97-94) за седми последователен триумф.
Вориорси притискаат за место во плеј-офот. Тие штотуку стигнаа до шестото место на табелата и тоа благодарение на одличниот настап на Стеф Кари, кој неодамна стигна до бројката од 4.000. тројки во кариерата. Најдобриот шутер во историјата на кошарката мечот го заврши со 28 поени, седум скока и пет асистенции. Покрај него одличен во таборот на победничкиот тим беше и Мосес Муди со 18 поени. На спротивната страна најрасположен беше Тоунс со 29 поени и 12 скока, а солиден настап имаше и Ануноби со 23 поени и девет скока.
Изненадувањето на вечерта дефинитивно се случи во „Бол арената“, каде Вашингтон Визардс го совлада Денвер Нагетс со резултат 126-123. Натпреварот го реши Џордан Пул, кој постигна тројка во последниот напад на натпреварот.
Никола Јокиќ имаше уште една маестрална партија, но тоа не беше доволно за да спречи пораз од моментално најлошиот тим во НБА. Српскиот центар уште еднаш беше на чекор од „трипл-дабл“, а натпреварот го заврши со 40 поени, 13 скока и 9 асистенции. Историски настап за победничкиот тим имаше Алекс Сар кој постигна 34 поени, што е негов најдобар скор во кариерата.