Драма во Каунас: Избегната трагедија на трибините на евролигашки меч

Натпреварот меѓу Жалгирис и Монако од седмата рунда на Евролигата понуди голема драма на трибините.

Страшна сцена се случи кога на еден навивач му се слоши и загуби свест. Брзата реакција на медицинските екипи го спаси фанот од Литванија. Сепак, за тоа да се случи докторите мораа дваесетина минути да се обидуваат да го реанимираат, а за среќа успеаја во тоа. 

За ситуацијата да не биде застрашувачка во целост, да нема фотографии и видеа организаторите со брза реакција го покрија навивачот и лекарите со црно платно додека му се укажуваше помош. На крајот заврши со хоспитализација, а состојбата е стабилна. 

Што се однесува до самиот натпревар, Жалгирис славеше по голема драма со 63-62.