Драма во Блауграна: Басконија ја елиминира Барса и договори финале со Реал!

Екипата на Басконија ќе игра во финалето на шпанската Ендеса лига затоа што во четвртиот натпревар по продолженија со 82-88 славеше на гостувањето кај Барселона и со вкупни 3-1 го елиминира каталонскиот гигант во полуфиналниот плеј-оф.

Натпреварот беше вистинска драма, затоа што Баселона се извлече од бездната и се врати од -11, но немаше сила да ги доигра продолженијата. Екипата на Мартинез константно водеше, имаше дури и +11 (59-70) во средината на четвртиот период, меѓутоа Барселона се врати и со забивање на Наваро обезбеди продолжение (76-76). 

Во додатното време, Барселона имаше контрола и предност од три поени, меѓутоа две грешки во низа го свртеа мечот и ги однесоа каталонците од плус три на минус три (од 82-79, на 82-85). 

Најдобар кај победниците беше Шенгелија со 22 поени, а Џенинг постигна уште 14, а кај Барселона прво име беше Ертел со 16 поени, Клавер заврши со 14 поени, а Ханга беше стрелец на 12 поени.

Во финалето на Ендеса лигата Басконија ќе игра против Реал Мадрид.