Драма во Белград: Црвена Звезда за малку ќе прокоцкаше +21 против Партизан!

Екипата на Црвена Звезда вторпат овој месец слави победа над Партизан. По триумфот во Евролигата, „црвено-белите“ беа поуспешни и во АБА лигата и така на еден начин му се реваншираа на градскиот ривал за претходните два порази на почетокот на оваа сезона (88-86).

  • Извештај од натпреварот:

Дербито на „вечните“ ривали ги оправда очекувањата на кошаркарските фанови во регионот – атмосферата во арената беше брилијантна, возбудливо и напнато беше од првата до последната минута, а секако, не изостанаа ниту инцидентите. 

<<< ПОВРЗАНО - Хаос во Белград – Теодосиќ и Ледеј се судрија, навивачите фрлаа со разни предмети по играчите!

Црвена Звезда моќно го отвори дербито. Во првата четвртина „црвено-белите“ имаа шутерско шоу и се одлепија на 13 поени предност, додека во втората Партизан беше поефикасен, но и покрај тоа домаќинот ја зголеми позитивата на 17 поени. Во одреден период вицешампионот имаше предност и од 21 поен.

По полувремето се играше израмнето и Црвена Звезда искусно го чуваше високото водство, но во последната четвртина играта на момците на Сферопулос се распадна. Партизан одлично го искористи тоа, па следуваше невидена дрема во финишот. „Црно-белите“ на само десет секунди до крајот стигнаа до израмнување, но Јаго ја презеде одговорноста во клучен момент и по прекрасна соло-акција погоди за голема победа за Црвена Звезда од 88-86.

  • Победничкиот кош на Јаго против Партизан: 

Кај победничкиот тим се истакна Ханга со 15 поени, додека за Партизан најдобри беа Нанали со 19 и Камински со 18 поени.