Драма со сите чинови во Солун: ПАОК ја доби Рома во меч со 224 поени!

ПАОК го совлада италијанскиот претставник Рома со 113-111 во натпреварот од шестото коло во Еврокупот, во вистинска кошаркарска драма во која беа постигнати дури 224 поени.

Колку беше ефикасен дуелот во Солун најдобро покажува податокот дека двете екипи уште во првото полувреме заедно постигнаа 121 поен. ПАОК на паузата замина со минимална предност од 61-60, а публиката во салата „Палатаки“ уживаше во офанзивно надигрување кое потсетуваше на НБА-натпреварите.

Тимот на Андреа Тринкиери беше особено расположен во нападот, погодувајќи 10 од 19 обиди за три поени. Домаќините во првите 20 минути забележаа и 17 асистенции, а имаа само четири загубени топки.

Најефикасен играч на средбата беше Брин Тајри со 27 поени и шест реализирани тројки, додека Џеди Осман заврши со два помалку. Во таборот на Италијанците најефикасен беше Нико Манион со 18 поени, а еден помалку имаше Марко Симоновиќ.