• Саше Љолес
Кошаркарите на ТФТ Скопје го запишаа првиот пораз во новата сезона од Првата кошаркарска лига, откако по едно продолжение загубија од Чаир 2030 со 92-94. Чаирчани успеаја да надополнат негатива од 15 поени и први му ја нанесоа горчината на поразот на тимот на ТФТ.
- Комплетниот натпревар помеѓу ТФТ Скопје и Чаир 2030:
Избраниците на Боро Смилковски одлично го започнаа натпреварот и ја добија првата четвртина со двоцифрена разлика (21-11), а на паузата имаа тринаесет поени предност (44-31).
Гостите од населбата Чаир прикажаа подобра игра на стартот од второто полувреме и ја добија во своја корист третата делница, најавувајќи неизвесност во последните десет минути. Во 35. минута резултатот гласеше 68-64, по што следуваше тајм-аут од домашната клупа.
Чаирчани се доближија и на само еден поен негатива и тука следуваше период во кој беа постигнати серија тројки на двете страни. ТФТ беше предводен од одличниот Дарин Говенс, кој не дозволуваше целосен „кам-бек“ на гостите и со нова тројка го врати водството (78-74). Сепак, гостите во самиот финиш успеаја да се изборат за продолжение, откако погодија тројка во последната секунда, а во дополнителното време Чаир 2030 беше поумешен и на крајот заслужено победи со конечни .
Тројца кошаркари на Чаир имаа над 20 поени, Ролинс (28), Кирк (24) и Мофит (21), додека кај ТФТ Скопје убедливо најдобар поединец беше Дарин Говенс, кој забележа дури 31 поен и осум асистенции.