ВИДЕО: Драгиќ не издржа и пушти солзи по специјалниот подарок од мајката на Дражен Петровиќ!

Gol.mk на Евробаскет 2017 во Истанбул

Горан Драгиќ во кошаркарската историја ќе биде запишан како најдобар поединец на Европското првенство 2017 година. Словенечката ѕвезда со своите фантастични партии ѝ донесе прв златен медал на својата селекција, откако со 35 поени беше најзаслужен за победа во финалниот меч против Србија.

Членот на Мајами доби многу комплименти и пофалби за настапот на Евробаскетот, но вистинскиот подарок го доби денес, кога до неговите раце стигна легендарниот дрес со број 3 на Њу Џерси Нетс, кој своевремено беше во сопственост на можеби најдобриот кошаркар на овие простори и идол на многу генерации, Дражен Петровиќ.

„Премногу сум возбуден, дефинитивно ова е еден од најдрагите подароци што сум ги добил во животот. Дражен беше мој идол и сите знаеме што направи тој за југословенската кошарка“, низ солзи во лицето Драгиќ го прими подарокот од мајката на Дражен, Бисерка.

За жал авантурата на Драгиќ со репрезентацијата на Словенија заврши, откако денес кошаркарот и официјално го потврди пензионирањето од репрезентативниот дрес.