• Сашо Поповски

Искусниот плејмејкер Горан Драгиќ потврди дека ќе биде дел од репрезентацијата на Словенија на претстојните два натпревари од квалификациите за Светското првенство 2023.
Планот на 36-годишникот е да помогне Словенците да обезбедат место на светскиот собир. Меѓутоа тоа не значи дека тој ќе биде достапен за Европското првенство оваа година Моментално словенечката селекција има скор 2-2. На врвот е Финска со три победи и еден пораз, а во групата се уште Хрватска и Шведска. Најдобрите две репрезентации ќе се пласираат во следната фаза од квалификациите.
Во наредниот период Драгиќ ќе го одигра последниот меч во националниот дрес. Потоа планира да замине во репрезентативна пензија и да им остави простор на помладите.