Драфтот во НБА лигата пред поместување за крајот од септември

Пандемијата предизвикана од коронавирусот ги прекина сите настани поврзани со НБА лигата, па слична судбина ќе добие и драфтот, кој требаше да се одржи на 25 јуни. 

Јасно е дека до тогаш лигата нема да биде комплетирана, а се шпекулира дека НБА ќе продолжи на 31 јули, па така и изборот на млади играчи би требало да биде во септември. 

Веќе голем број упатени американски медиуми пишуваа околу поместување на драфтот, а датумот кој се истакнува како најповолен според нив е 25 септември. Пред изборот претендентите за места во НБА франшизите мора да минат серија тестови, мерења и да одиграат тест мечеви, кои во моментов се невозможни да се одржат.