• Мартин Танасковски

Шпанскиот кошаркарски ветеран Руди Фернандеш ќе ги одигра шестите Олимписки игри во Париз.
Самото учество на Олимписките игри е врв во кариерата на секој спортист, а за тоа говорат солзите на легендарниот 39-годишен Шпанец по победата против Бахамите во финалето на квалификацискиот турнир во Валенсија.
Фернандеш освен што играше на Летни Олимписки Игри, освојуваше и медали. Руди беше дел од олимписките турнири во Атина 2004, Пекинг 2008, Лондон 2012, Рио 2016 и Токио 2021 година. Тој освои сребрени медали во Пекинг и Лондон, а бронза во Рио.