„Доста ги величате Американците, нивните ѕвезди имаат над 110 години“

Поранешниот југословенски и српски репрезентативец, Милан Гуровиќ, изјави дека актуелниот кошаркарски тим на нашиот северен сосед не треба премногу да ги респектира ѕвездите на САД и упати искрена поддршка за својата национална селекција. 

Еден од хероите на Светското првенство во Индијанаполис во 2002 година, смета дека Србија има квалитет да го елиминира „дрим-тимот“, за кој вели дека е стар и не е толку силен како шти сите мислат. 

„Мислам дека и вие новинарите треба малку да престанете да ги величате. Дурент, Леброн и Кари имаат над 110 години. Не сфаќам зошто тие би биле толку „специјални“, а нашите кошаркари не. Доста беше од таквиот пристап, можеме да ги победиме Американците“, изјави Гуровиќ. 

Србија и САД ќе се соочат во полуфиналето од кошаркарскиот турнир на Олимписките игри. Дербито на Никола Јокиќ против НБА ѕвездите е закажано за осми август во 20:00 часот.