Доскорешниот тренер на Црвена Звезда се врати во Басконија

Душко Ивановиќ не беше долго без ангажман. Црногорецот се врати во старото јато и потврден е како нов клуб на шпанскиот клуб Басконија.

66-годишниот Ивановиќ тргна во сезоната со Црвена Звезда, но по неколку кола во Евролигата и во АБА-лигата двете страни спогодбено се разделија. Причината беше лошата игра на тимот и незадоволителните резултати.

Ивановиќ веднаш пронајде нов ангажман и се врати во шпанска Басконија која ја водеше пред да дојде во Црвена Звезда, од 2019 до 2021 година, како и од 2008 до 2012 и од 2000 до 2005 година.

Ивановиќ е најуспешен тренер во историјата на Басконија, со три титули во АЦБ-лигата, четири Купа, еден Суперкуп, а во два наврати тимот беше и финалист во Евролигата.