Доскорешниот играч на Работнички и МЗТ се врати дома и ќе игра во АБА

Роберт Рикиќ, доскорешниот играч на Еуро Никел, МЗТ Скопје и Работнички, нема да се врати во Македонија, туку пак ќе игра кошарка во татковината, за еден од најпопуларните хрватски клубови.

34-годишниот центар последните месеци ги мина во Косово каде играше за Башкими, а сега потпиша договор со хрватска Цибона со која ќе биде дел од АБА-лигата. Играчот висок 218 сантиметри има договор до крајот на сезоната.

Цибона се бори за опстанок во АБА-лигата, а во моментов се наоѓа на петнаесеттото место.