• Мартин Танасковски
Кошаркарскиот клуб Ел Рио Бреоган официјално го најави потписот на американскиот бек Кеандре Кук. Кошаркарот во шпанската елита доаѓа од израелскиот клуб Ајрони Киријат.
Минатата сезона Кук ја започна во австралискиот Бризбејн Булетс, а по завршувањето на австралиската лига одигра пет натпревари во кинеската лига со Гуангдонг Тајгерс пред да потпише за Ајрони Киријат. Во Израел просечно постигнуваше 19.5 поени, 5.3 скока и две асистенции по натпревар во 10 одиграни средби.
Кеандре Кук во Европа дојде преку унгарскиот тим СЗТЕ во сезоната 2021/22, а потоа играше во францускиот клуб Блоа (PRO-A лига), пред да се пресели во македонскиот шампион МЗТ Скопје каде ја заврши сезоната.
Во сезоната 2023/24, пак, Кук настапуваше за Мерлинс во германската Бундеслига, каде во 33 натпревари имаше просек од 14.5 поени, 4.3 скока и 2 асистенции по натпревар.
ФОТО: ABA Liga / MZT Skopje Aerodrom / Danail Petrovic