ВИДЕО: Дончиќ заработи техничка грешка поради пцовка кон противник!

Далас Маверикс победија на гостувањето кај Лос Анџелес Клиперс во Калифорнија (104-112) и се вратија на успесите во НБА лигата. 

На овој натпревар свој кам-бек по повредата имаше Лука Дончиќ. Словенецот во дуелот со Клиперси успеа да „собере“ техничка грешка, откако по еден дуел со Терен Мен го опцу ривалот и му кажа: „Ти си е*ено мал“.

  • Видео од вербалниот напад над Мен: 

Судијата кој беше најблизу го забележа и чу моментот, па го санкционираше Дончиќ со техничка грешка. Плејмејкерот го заврши натпреварот со 26 поени и по девет скока и асистенции.