Дончиќ за дуелот со Драгиќ: За првпат во кариерата бев нервозен!

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ во дресот на Далас Маверикс за првпат се судри со својот „ментор“, Зоран Драгиќ, кој настапува за Мајами Хит.

Драгиќ го доби дуелот со младиот сонародник (105-99), а Дончиќ во интервју призна дека бил нервозен на терен за првпат во кариерата, затоа што против себе го имал поранешниот репрезентативен колега.

„За првпат во кариерата бев нервозен пред натпреварот. Почувствував нешто поинакво. Играв против Горан за првпат. Плус на трибините имаше многу Словенци. Горан Драгиќ имаше големо влијание на мене, од него учев додека игравме на Евробаскетот. Тој е посебен човек за мене, многу е скромен“, изјави Дончиќ.

На натпреварот меѓу Далас и Мајами изненади и посетата на навивачи од Словенија, кои беа преку 2.000 на трибините и „грмеа“ за време на целата средба.