ВИДЕО: Дончиќ во стилот на Харден - го „кутна“ противникот на под со една финта

Дончиќ насловна

За талентот на Лука Дончиќ зборува цела американска јавност која не очекуваше дека младиот кошаркар по само три месеци така лесно ќе се адаптира во НБА лигата.

И не само што веднаш се вклопи во стилот на игра во најсилната лига во светот, туку и започна да доминира на начин на кој што во своите дебитантски сезони тоа го правеа Леброн Џејмс и Кевин Дурант.

Дури и најдобрите одбранбени играчи во лигата немаат одговор на перфектната контрола на топка на 19-годишниот Словенец. 

На своја кожа тоа најдобро го почувствува Нигериецот Џош Окоџи, кој заврши на под во обидот да му застане на патот на ѕвездата на Далас.