• Зоран Мишевски
На Далас и Лука Дончиќ му беше доволно едно полувреме за победа во дуелот со Орландо Меџик со 85-108, Маверикси на пауза заминаа со +25 и не ја испуштија предноста.
Словенецот натпреварот го заврши со 32 поени, имаше девет скока и седум асистенции, па ослабениот Орландо немаше решение за фаворитот без својот најдобар играч Паоло Банкеро. Италијанецот ќе отсуствува неколку недели.
Атланта ја прекина серијата од четири порази, а Џејлен Џонсон постигна 29 во победата од 126-111 против Пеликанс. „Јастребите“ подобро се снајдоа, особено во рекетот каде постигнаа 34 поени повеќе од домаќините. Кај Њу Орлеанс, Инграм постигна 33 поени, а кај домашните недостасуваа Зион Вилијамсон, МекКолум, Трој Марфи, а тешко се повреди и најголемото засилување од Атланта, Дежонте Мареј.
Во „европскиот термин“ Детроит извојува победа во Бруклин против Нетси. Кејд Канингем ги предводеше Пистонси со 19 поени.