Дончиќ: Успеваат да навлезат во мојата глава, мора да научам да го спречам тоа

Лука Словенија

Словенија потфрли во завршницата од турнирот во Токио и на крај си замина дома со четвртото место и без медал.

Лука Дончиќ не беше во елемент кога беше најпотребно. 22-годишникот ја презеде одговорноста по двата порази и рече дека вината е во успешниот обид многу противници да навлезат во неговата глава.

„Се обидуваат да ми навлезат во главата и понекогаш успеваат во тоа. Јас имам само 22 години и морам да научам како да се справам со тоа и да го спречам во иднина. Моја е вината.

Не бев во најдобар момент на изминатите два натпревари. Силно посакував да освојам медал. Но, од друга страна, играме за земја со два милиони жители, тоа е нешто големо за сите нас. Два месеци сме далеку од нашите семејства, трениравме, игравме, дадовме сè, многу сум горд на момците“, изјави словенечкиот репрезентативец.

Соединетите Американски Држави ја оправдаа фаворитската улога и во финалето ја совладаа Франција, за нов златен медал во својата огромна колекција.