Дончиќ со вонсериски „трипл-дабл“ го мина Џордан, ама не го спаси Далас

Далас Маверикс повторно не успеа да слави, овој пат над Чикаго Булс (101-117) во дванаесеттиот меч сезонава во рамки на НБА-лигата и покрај феноменалната игра на првата ѕвезда Лука Дончиќ.

Словенецот имаше меч за паметење, затоа што дојде до вонсериски „трипл-дабл“. Одличниот шутер постигна триесет поени во првото полувреме, а натпреварот го заврши со 36 поени, 16 скока и 15 асистенции. Со овој „трипл-дабл“, на листата тој го мина Мајкл Џордан по бројот на овој учинок.

Чикаго Булс константно ја имаше предноста, а посакуваниот триумф го запечати со одличната втора четвртина, во која постигна четириесет поени и на пауза обезбеди позитива од 15 поени (52-67).

Покрај Дончиќ, кој даде 36 поени (13/30 од поле, 6/11 за три, 4/6 слободни фрлања), на мечот одличен беше Лаури Марканен со 27 поени, пред Темпл со 21 постигнат поен. Чикаго со овој триумф ја прекина црната серија од четири порази.