Далас без Дончиќ не е истиот: Три меча, три порази

Словенечката кошаркарска ѕвезда на Далас Маверикс, Лука Дончиќ, ќе го пропушти и следниот натпревар поради повреда, иако беше најавено дека ќе игра.

Далас ја имаше својата прва ѕвезда во протоколот за мечот со ЛА Клиперс, меѓутоа за време на тренингот, Дончиќ при игра пет на пет се фатил за коленото и испуштил силен крик, па веднаш бил одделен од групата и испратен на прегледи.

Се работи за истото лево колено кое го повреди со Денвер Нагетс. Словенецот пропушти три средби за Далас Маверикс, а на тимот без него не му оди баш најдобро затоа што доживеа три порази.

Без Дончиќ во тимот, Маверикси загубија во дуелите со Феникс Санс (два дуели по ред) и ЛА Клиперс. Следниот натпревар против „клиповите“ ќе се игра вечерва од 4:30 часот, а тимот од Тексас повторно важи за аутсајдер на хартија.