ВИДЕО: Дончиќ си поигра со Харден со негова финта, а потоа „измисли“ нов дриблинг! 

Лука Дончиќ повторно ја одушевува кошаркарската јавност во САД. Словенечката ѕвезда, ноќва одигра нов квалитетен натпревар во НБА лигата, но неговиот Далас Маверикс беше поразен од Хјустон со 104-120. 

19-годишниот плејмејкер мечот го заврши со „дабл-дабл“ учинок од 21 поен и 10 скока, и повторно „продаваше“ финти на паркетот, иако пред себе го имаше Џејмс Харден. Токму „брадата“ беше нов жртва на Дончиќ, кој со негова финта во исфрли од игра и погоди за три поени, а во продолжение измисли нов дриблинг, откако ја протна топката меѓу своите нозе и тоа од грб, со што си обезбеди позиција за лесно поентирње. 

Погледнете ги двата фантастични потези на младиот Дончиќ: