ВИДЕО: Дончиќ си играше „каде е топката“ и го насамари цел тим на Хјустон

Лука Дончиќ

Далас Маверикс ја запиша втората сезонска победа на домашен терен во дуелот со Хјустон Рокетс (116-106). Лука Дончиќ беше прво име кај тимот на Рик Карлајл. Словенецот запиша 26 поени, 14 скока и осум асистенции, како и две украдени топки и една блокада.

Меѓу неколкуте атрактивни потези на младиот словенечки кошаркар, се издвои асистенцијата до Кристапс Порзингис. При еден влез успеа да ја заврти топката околу себе и потоа да додаде за лесна реализација на Летонецот.

Дончиќ важи за еден од најсериозните кандидати за МВП наградата во тековната НБА сезона.