Дончиќ: Секој од нас верува дека можеме да победиме на следните натпревари

Далас Маверикс се најде во ситуација да мора да победи на третиот натпревар од серијата против Голден Стејт Вориорс, по двата порази на гостински терен.

Лука Дончиќ одигра одличен втор натпревар, но тоа не беше доволно за да се спречи „воините“ да побегнат на 2-0. Конференциското финале продолжува со два дуели во Тексас.

„Секој од нас верува дека можеме да ги победиме следните натпревари. Ќе продолжиме да веруваме до крај. Досега не ја сработивме работата на посакуваното ниво. Мора да бидеме подобри во одбрана“, изјави словенечкиот плејмејкер.

Екипата на Далас игра за прво НБА финале по 2011 година, кога предводен од Дирк Новицки ја прослави единствената титула во историјата.