ВИДЕО: Дончиќ се врати во победата над Клиперси, порази за Лејкерси и Денвер

Кошаркарите на Далас Маверикс се вратија на победите, а тоа се поклопи со кам-бекот на Лука Дончиќ на терените. На гостувањето во Калифорнија кај Лос Анџелес Клиперси, Мавси по продолжение дојдоа до позитивен резултат (104-112). Словенечкиот плејмејкер имаше одново запазена улога, беше на чекор од „трипл-дабл“ со 26 поени и по девет скока и асистенции. Најпрецизен беше Џексон кој уфрли 31 поен, еден повеќе од Порзингис од Далас. 

  • Лос Анџелес Клиперс - Далас Маверикс:

Иако во минатата рунда Лос Анџелес Лејкерси славеа во драмата со Детроит, не успеаја да ја продолжат низата и се вратија на неуспесите кај Њујорк Никс (106-100). Без суспендираниот Леброн Џејмс, а со расположениот Расел Вестбрук, кој имаше троен ефект со 31 поен, 13 скока и десет асистенции, Лејкерси не успеаја да се радуваат. Во таборот на Никси, најдобри беа Фурние со 26 поени, и Рендл кој оствари „дабл-дабл“ со 20 поени и 16 скока. 

  • Њујорк Никс - Лос Анџелес Лејкерс:

Денвер Нагетси загубија на гостувањето во „Мода Центар“ кај Портланд Треил Блејзерс со 119-100. Овој убедлив пораз беше запишан без најдобриот играч во тимот Никола Јокиќ. МекКолум диригираше во Портланд со 32 поени, пред Лилард со 25. Кај Денвер најдобар беше Грин кој уфрли 24 поени. 

Ноќва се одигра и натпреварот меѓу Детроит и Мајами, во кој се радуваа Хит со 92-100.