Дончиќ се враќа на терените – еве кога ќе дебитира за ЛА Лејкерс

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ е играчот кој го одбележа трејд периодот во НБА-лигата, затоа што Далас Маверикс се реши на шокантен потег и го испрати во Лос Анџелес Лејкерс во замена за Ентони Дејвис.

Како причина за трејдувањето на Дончиќ се наведоа честите повреди и високата килажа, нешто со кое фановите не се согласија и останаа шокирани.

Дончиќ дојде во ЛА Лејкерс со повреда и го чека првиот натпревар во новата година. Новинарите од САД објавија дека шутерот е подготвен за деби, а ќе игра за „езерџиите“ на натпреварот против Јута Џез, закажан на 11 февруари во 4:30 часот.

Лука Дончиќ последниот меч за Далас Маверикс го одигра пред католичкиот Божиќ.