Дончиќ самоуверен: Наредната сезона сигурно ќе играме во плеј-офот

Лука Дончиќ

Словенецот Лука Дончиќ ја одигра дебитантската сезона во НБА лигата. Настапите му ја донесоа наградата „новајлија на годината“, а неговите амбиции во втората година се настап во плеј-офот.

„Нашиот план е да обезбедиме место во плеј-офот. Конкуренцијата на Западот е голема, но сигурен сум дека мојата екипа ќе игра долга сезона“ , вели плејмејкерот.

Дончиќ беше една од сензациите во изминатата сезона во лигата во која одигра 72 натпревари. Запиша неколку рекорди, оствари „трипл-дабл“ учиноци, а постигна и поени за победа на Далас во неколку наврати.