Дончиќ: Сакате да ви кажам дека не веруваме во себе? Одиме понатаму

Далас Маверикс претрпе прв пораз во финалната серија од Бостон Селтикс. На отворањето на финалето во „ТД Гарден“ не одеше шутот од игра и за три поени кај Далас, а тоа е една од клучните разлики. Токму на тоа се осврна и првата ѕвезда Лука Дончиќ по мечот. 

„Самодовербата сè уште е тука. Сакате да ви кажам дека не веруваме во себе? Или победувате или губите, ние мораме да се фокусираме на следниот меч. Бостон игра во главно еден на еден, но секогаш има некој за помош. Мислам дека тоа е причината поради која шутиравме лошо.

Порзингис беше одличен. Погодуваше шут по шут, ни правеше блокови. Имаше страшна партија во два правци“, изјави Дончиќ. 

Инаку, самиот Дончиќ имаше солиден учинок од 30 поени и десет скока, но запиша само една асистенција што му се случило само седум пати во кариерата.