ВИДЕО: Дончиќ промаши клучен шут, Букер испровоцира нов вербален дуел

Кошаркарите на Далас Маверикс загубија од Феникс Санс (126-130), во натпревар кој многу лесно можеше да дојде до продолжение. Лука Дончиќ несвојствено за себе, промаши клучен шут на неколку секунди пред крајот за егал, па неговиот тим загуби. 

По промашувањето словенечкиот ас одново беше испровоциран од дофрлување од страна на Девин Букер. Поради тоа Дончиќ тргна кон него, тие дојдоа лице в лице, меѓутоа соиграчите веднаш ги разделија. 

Инаку, Букер и Дончиќ одамна имаат нерасчистени сметки. Уште во текот на минатата сезона тие двајца често влегуваа во вербални дуели, си дофрлуваа и беа на чекор до близок контакт. Сепак, за среќа досега нема инциденти и тепачки меѓу двете ѕвезди.