Дончиќ привлекува соиграч од Далас во репрезентацијата на Словенија!

Лука Дончиќ во репрезентацијата на Словенија би можел да привлече американско засилување. Се работи за Даниел Гафорд, крилниот центар на Далас Маверикс кој е отворен за натурализација и соработка со Дончиќ и на репрезентативен план. 

Самиот Гафорд зборуваше за можноста да заигра за Словенија, за тоа смета дека е одлична идеја, ама ги сподели и негативните страни.

„Мислам дека би било одлично, имам добар однос со Дончиќ. Ако направам такво нешто, тоа ќе нè подигне на повисоко ниво. Би ми дало шанса да се запознаам со неговото минато и позадина. Сепак, сакам слободното време да го користам со семејството, па ова е само идеја која треба добро да се размисли“, изјави Гафорд.

Гафорд сезонава во НБА има солиден просек од 12,3 поени и 6,7 скока. Во кариерата настапуваше уште за Вашингтон и Чикаго.