ВИДЕО: Дончиќ преку цел терен му сервира перфектно додавање на идолот Леброн

Дончиќ Леброн

Изминатата вечер го донесе последниот дел од „Ол-стар“ викендот во Чикаго. Најголемите ѕвезди на денешницата се надигруваа пред милиони фанови пред ТВ екраните, а на крај победата ја однесе „Тимот на Леброн“. Ентони Дејвис погоди слободно фрлање и ги постави конечните 157-155 против „Тимот на Јанис“.

Натпреварот изобилуваше со спектакуларни моменти, а еден од нив е соработката меѓу Лука Дончиќ и Леброн Џејмс. Словенецот испрати хируршки прецизно додавање преку цел терен до својот идол и му овозможи отворен простор за атрактивно забивање.

Дебитантскиот настап на егзибицијата во НБА лигата за Дончиќ донесе скромни осум поени и четири асистенции.