Дончиќ потврди: Ќе играм за Словенија на Евробаскетот

Лука Дончиќ, еден од најдобрите кошаркари на денешницата, потврди дека ќе ја води Словенија на Евробаскетот во 2025 година.

„Со нетрпение очекувам да играм за мојата земја. Очигледно дека ќе играм. Гордост е, радост е да играм за мојата земја секогаш кога можам. Затоа ќе го повторам тоа“, рече Дончиќ.

Дончиќ во кариерата не пропушти ниту еден репрезентативен турнир. Тој играше за Словенија на Евробаскет 2017, квалификации за Олимписки игри и Олимписки игри 2021, Евробаскет 2022, Светско првенство 2023 и квалификации за Олимписки игри 2024 година.

Голема е веројатноста Дончиќ да игра и на Евробаскет 2029, со оглед на тоа што Словенија е еден од кандидатите за коорганизатор на турнирот.

„Би било остварување на сонот да играм пред своите навивачи на голем турнир каков што е Евробаскетот“, изјави Дончиќ.

Словенија беше домаќин на Европското првенство во 2013 година, а Дончиќ како 18-годишник ја предводеше до титулата во 2017 година. Евробаскет 2025 година ќе се игра од 27 август до 14 септември следната година, а домаќини ќе бидат Кипар, Финска, Полска и Летонија.