• Иван Димовски
Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ по поразот на Лос Анџелес Лејкерс од Денвер нагетс со 120-113 зборуваше за одличната партија на Никола Јокиќ, кој повторно беше клучен човек во победата на својот тим. Токму српскиот центар го постигна решавачкиот кош во финишот од натпреварот по продор, и тоа преку Дончиќ.
„Постои причина зошто тој е МВП. Многу е тешко да се запре. Едноставно мораш да се обидеш да му ја отежнеш работата. Се обидував воопшто да не зборувам. Тоа беше првото нешто што го кажав, без предупредување или нешто слично. Слушнав уште тројца играчи како ја кажуваат истата работа и ништо. Не знам што да кажам“, изјави Дончиќ.
Словенечкиот плејмејкер на овој натпревар ја доби и својата 15. техничка грешка оваа сезона, откако упати пцовки кон судиите. Дончиќ натпреварот го заврши со 27 поени, 11 скокови и седум асистенции.





