Дончиќ полн со самодоверба: Не ни треба „ол-стар“ засилување, ќе влеземе во финале...

Лука

Лука Дончиќ не успеа да помогне Словенија да го одбрани европското злато. Неговата репрезентација застана во четвртфиналето, каде изненадувачки загуби од Полска.

Одличниот плејмејкер сега се насочува кон клупските обврски со Далас Маверикс. Пред почетокот на сезоната во НБА лигата тој најавува високи достигнувања на тимот од Тексас.

„Не ни треба „ол-стар“ засилување. Имаме одлични играчи во нашиот тим. Има многу потценети момци за кои треба повеќе да се зборува. Мислам дека имаме одличен тим. Секако, број еден е Доријан Фини-Смит. Тој е еден од најдобрите дефанзивци. Спенсер Динвиди ќе има голема улога оваа година. Кристијан Вуд е нов играч на Далас, мислам дека ќе биде големо засилување.

Пред сè очекувам да влеземе во финалето. Знам дека ќе биде многу тешко. Но, треба да веруваме. Сите мора да веруваат, целиот тим. Но, ќе биде навистина тешко“, порача Дончиќ.

Новата сезона за Дончиќ и Далас започнува на 20 октомври, со дерби против екипата на Феникс Санс.