ВИДЕО: Дончиќ погоди „ОД ПАРКИНГ“ на дебито на „Ол-стар“ натпреварот

Дончиќ половина терен

Лука Дончиќ го претставуваше тимот на остатокот од светот на првиот ден од „Ол-стар“ викендот во Чикаго.

Словенецот постигна неколку тројки, а го украде шоуто во последните секунди од првото полувреме. Во директен дуел со лутиот ривал Трае Јанг, 20-годишникот испрати неверојатен шут од половина терен и погоди со звукот на сирената.

Погледнете го потегот на Дончиќ:

Дончиќ го заврши натпреварот со 16 поени и пет асистенции, а на крај неговиот тим убедливо загуби од младите ѕвезди на САД.