Дончиќ по одличната партија: Само сакав да играм кошарка и да победам...

Словенечката ѕвезда Лука Дончиќ го водеше Далас до круцијална победа во серијата против Оклахома со која Мавси поведоа со 3-2 и дома ќе имаат шанса за пласман во конференциското финале. 

Плејмејкерот го заврши мечот со „трипл-дабл“ ефект од 31 поен, 11 асистенции и десет скока, со што беше најдобар на паркетот. По натпреварот Дончиќ во разговор со медиумите беше скромен како секогаш. 

„Само се трудев да играм кошарка, тоа ми беше единствениот фокус. Секако, сакав и Далас да дојде до победата. Понекогаш заборавам дека кошарката е мојата љубов. Кога ќе се сетам, мојот ментален фокус е само на тоа“, изјави Словенецот.

Покрај офанзивниот дел од играта, Дончиќ имаше и клучна блокада на 55 секунди до крајот над Шеј Гилџус Александар, по што и дефинитивно Оклахома остана без шанси.