ВИДЕО: Дончиќ пцуеше судија и му се заканува суспензија

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ, се најде на чекор до суспензија откако ја заработи својата 15 техничка грешка оваа сезона. Инцидентот се случи на натпреварот против Денвер Нагетс, кој заврши со победа на домашниот тим од 120-113.

По мечот, судијата Ед Малои објасни зошто словенечкиот кошаркар бил санкциониран.

„Дончиќ доби техничка грешка поради пцуење кон судијата. Научени сме да не ја прекинуваме офанзивната транзиција кога досудуваме техничка грешка на одбраната“, изјави Малои.

И покрај тоа, Дончиќ одигра солиден натпревар и средбата ја заврши со 27 поени, 11 скокови и седум асистенции.

Доколку добие уште една техничка грешка, кошаркарот на Лејкерс автоматски ќе биде суспендиран на еден натпревар. Интересно е што единствениот играч во НБА кој оваа сезона веќе стигнал до најмалку 16 технички грешки е Дилон Брукс од Феникс Санс.