Дончиќ останува без тренер, Далас се разделува со Карлајл

Карлајл

Далас Маверикс одлучи да стави крај на соработката со првиот тренер Рик Карлајл. Тоа го потврди тренерот кој беше на клупата во изминатите тринаесет сезони и рече дека нема да се врати за наредната сезона.

Неуспехот во изминатите две сезони е причината за оваа одлука на раководството на тимот. Маверикси загубија од Лос Анџелес Клиперс во „балонот“ во Мајами минатата, а испуштија голема предност оваа сезона, кога победија на првите два натпревари на гостински терен. Наводно, Лука Дончиќ одиграл улога во овој потег на Далас. Словенечкиот кошаркар имал неколку тензични моменти со својот тренер, а тоа било загрижувачки за франшизата од Тексас.

Името на новиот тренер засега не е познато. Наскоро управата ќе започне да води разговори со неколку потенцијални кандидати за замена на Карлајл.