• Мартин Танасковски
Кошаркарската репрезентација на Грција со триумф над Словенија (96-68) успеа да се пласира во финалето од квалификацискиот турнир за Летните Олимписки игри (ЛОИ) кој се одржува во Атина.
Моќно издание покажаа „хелените“ против Дончиќ и дружината и така го оставија еден од најдобрите играчи во НБА-лигата без место на престижниот собир. Уште од почетокот домаќинот на турнирот наметна свое темпо, замина на 32-14 и го стави ривалот во позиција да брка резултат.
Се обидуваше Словенија да фати прилучок, но тешко ѝ одеше. Во последната четвртина Дончиќ и дружината се распаднаа, па доживеаја убедлив пораз на теренот во Атина во салата на „Мирот и пријателството“.
Лука Дончиќ го заврши натпреварот со 21 постигнат поен, а кај Грција, Вокап реализира 19 поени. Првата ѕвезда на „хелените“, Јанис Адетокумбо имаше лимитирана минутажа и постигна 13 поени.
Во финалето на квалификацискиот турнир, Грција ќе игра со Хрватска или Доминиканска Република.