Дончиќ оптимист и покрај негативата: Оној што е стигне прв до четири – победува!

Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ, верува дека тимот може да ја елиминира Минесота во првото коло од плеј-офот. Лејкерси беа поразени во четвртиот натпревар (116-113) и сега заостануваат со 3-1.

„Дефинитивно е разочарувачки, но сè уште не сме загубиле. Оној што ќе стигне прв до четири, победува. Мора да продолжиме да веруваме“, рече Дончиќ.

Лејкерси го одиграа второто полувреме без замени.

„Ова е плејофот. Заморот не треба да игра улога. Мислам дека играа подобра одбрана во последните минути.“

Следниот натпревар е закажан за четврток во 04:00 часот во Лос Анџелес.