Дончиќ одново побрз од Леброн, ѕвездата на Далас стигна до 5.000 поени

Лука

Лука Дончиќ продолжува да руши рекорди во НБА лигата. Откако пристигна во Далас, веднаш се наметна како идна суперѕвезда и име околу кое многу работи ќе зависат во годините кои доаѓаат.

Со учиникот против Кливленд, младиот плејмејкер стигна до границата од 5.000 поени во најсилната лига на светот. Тоа го направи за 194 одиграни натпревари во дресот на Маверикси.

20-годишникот од Љубљана може да се пофали дека успеал да го подобри достигнувањето на Леброн Џејмс (197), Кевин Дурант и Кармело Ентони, кои важат за едни од најдобрите поентери на сите времиња.

Со 20 години и 68 дена, Дончиќ стана четвртиот најмлад кошаркар кој ја достигнал оваа граница. Пред него се гореспоменатите НБА ѕвезди.

Во својата трета НБА сезона, словенечкиот интернационалец има просек од 25,9 поени, 8,4 скока и 7,8 асистенции по натпревар.