Дончиќ одново критикуван: Кога на тимот му е најпотребен, него го нема!

Лука Дончиќ повторно е во центарот на вниманието поради проблеми со повредите, а поранешниот шампион на НБА лигата и актуелен аналитичар на „ЕСПН“, Кендрик Перкинс, направи паралела помеѓу словенечкиот ас и Џоел Ембид.

Дончиќ не одигра ниту еден натпревар во овогодинешниот плејоф поради истегнување на тетивата од втор степен, а без него, тимот од Калифорнија беше убедливо елиминиран во втората рунда од Оклахома Сити Тандер, со 4-0 во серијата.

Перкинс верува дека честите проблеми со повредите на Дончиќ стануваат сериозна причина за загриженост.

„Лука почнува да влегува на територијата на Џоел Ембид. Кога тимот има најголема потреба од него, во плеј-офот, тој не е на теренот“, рече Перкинс 

Тој додаде дека во претходните сезони, Дончиќ често имал проблеми со повреди, првенствено со мускулите, и дека честопати не бил во идеална физичка форма во најважниот дел од сезоната. За време на отсуството на Лука Дончиќ, Лејкерси остварија скор од седум победи и осум порази.