ВИДЕО: Дончиќ немаше шутерска ноќ, Оклахома го исфрли Далас од НБА купот

Кошаркарите на Оклахома се пласираа во полуфиналето на НБА купот, откако го совладаа Далас со 118-104. Средбата во Оклахома понуди голема борба, а Тандерси знаеја како да го запрат најдобриот на Маверикси, Лука Дончиќ и тоа беше пресудно. 

  • Оклахома Сити Тандер - Далас Маверикс:

Шеј Гилџус Александар одново беше лидер на тимот, блесна и со 39 поени ја водеше Оклахома до победата. Во таборот на Далас се истакнаа Маршал и Томпсон со по 19 поени, додека Дончиќ го заврши мечот со само 16 (5/15 од игра).

Милвоки Бакс во тесен меч го совлада Орландо Меџик (114-109). Гостинот водеше во првиот дел и двоцифрено во „Фисерв Форум“, меѓутоа во клучните моменти падна и доживеа елиминација. Јанис Адетокумбо беше прво име кај Милвоки со 37 поени, додека Сагс се истакна кај гостите со 32.

  • Милвоки Бакс - Орландо Меџик:

Возбудувањата од Купот продолжуваат и ноќва која следи со уште две пресметки.

Најнови вести од
НБА, САД