• Саше Љолес
Далас Маверикс успеаја да ја заокружат серијата против Минесота (4-2) и се пласираа во финалето на западната конференција, а најзаслужен за овој успех секако е словенецот Лука Дончиќ.
Супер-ѕвездата повторно одигра одличен меч и забележа „трипл-дабл“, а по мечот изјави дека заедништвото што го краси тимот е главната причина за добрите резултати.
„Не сум само јас важен во овој тим. Ние имаме одлична екипа на млади луѓе кои сакаат да бидат успешни на секој меч. Кога грешиме, разговараме и се обидуваме да се надградиме како личности и кошаркари. Се држиме заедно и секогаш го даваме максимумот. Нашата позитивна енергија се преточи на теренот и тоа беше видливо“, изјави Дончиќ.
Далас Маверикс е првиот тим што обезбеди финале на западот, а таму ќе им се придружи победникот од серијата помеѓу Денвер Нагетс и Минесота Тимбервулвс.