Дончиќ не сака одмор – по НБА-финалето ќе игра за Словенија

Кошаркарската репрезентација на Словенија ќе игра за место на Летните Олимписки Игри (ЛОИ) во Париз, а дел од тимот ќе биде и првата ѕвезда Лука Дончиќ.

Словенците се најдоа на турнирот во Грција, а селекторот Александар Секулиќ меѓу повиканите има 16 кошаркари. На списокот се најде и НБА-ѕвездата Лука Дончиќ кој иако има настап во големото финале со Далас Маверикс, ќе игра за националниот тим.

Странец во ростерот на Словенците ќе биде Мајк Тоби од Црвена Звезда кој настапува за тимот во изминатите четири години, иако се поврзуваа и други имиња како потенцијални кошаркари кои би играле за балканската селекција.

Турнирот во Грција за место на Летните Олимписки Игри се игра на стартот на јули.